Келце без Циндриќ и без пола тим во Веспрем

Поранешниот ракометар на Вардар, Лука Циндриќ беше најавуван како големо засилување за тимот на Келце, но тој уште не може да дебитира за шампионот на Полска на официјален натпревар.

300x250

Циндриќ е повреден и не отпатува со Келце на гостувањето во Унгарија. Тоа беше јасно уште кога се повреди и тој нема да може да помогне и во следниот период бидејќи најрано што може да се врати е почетокот на октомври, но реалното е средината на следниот месец.

За денешниот дуел во тимот на Келце е вистинска болница бидејќи Душебаев не може да смета на пола тим. Има само 12 пријавени ракометари од кои Јахлевски уште не е доволно заздравен. Со оглед на тоа што меѓу пријавените има 12 голмани нема голем избор за измени во поле.

Ова ги става Манасков и колегите во предност за победа на овој дуел кој почнува од 18 часот.