Кањижа Куп ќе биде последна проверка за Металург пред новата сезона

Тимот на Металург последната проверка пред стартот на новата сезона во Суперлигата ќе ја има на турнирот во Кањижа.

Овој турнир традиционално се одржува кон крајот на август, од 22 до 25, а покрај македонскиот тим познат е уште еден учесник, Нексе Нашице.

Претходно тимот од Автокоманда, ќе игра на турнир во рускиот град Чехов, заедно со домаќинот Чеховски Медведи, Мешков Брест и романската Стеауа.