Кањељас: Среќни сме со овој трофеј, но мислите ни се насочени кон Фленсбург

Жоан Кањељас беше прогласен за најдобар централен бек и МВП на Ф4 во рамките на регионалната СЕХА лига . Шпанецот во редовите на Вардар одигра одличен натпревар постигнувајќи 5 погодоци , а по финалето истакна дека е задоволен од играта на „црвено-црните“ и се надева дека ќе покажат вака добра игра и во натпреварот со Фленсбург во рамките на Лигата на шампионите.

Жоан Кањељас : „ Мислам дека завршивме многу добра работа. Игравме против еден од најдобрите тимови во Европа и сме чекор понапред од нив. Сметам дека одигравме добро во одбраната , а во нападот игравме интелигентно и завршивме комплетна работа. Среќни сме. Се надевам дека вака ќе играме и против Фленсбург. Наша цел е да се пласираме на Ф4 во Келн, имаме добра шанса и нашите мисли се насочени таму “ – истакна Кањељас