Кањељас на македонски за 24Ракомет ТВ: Кога играш со срце, можеш да ја победиш и најдобрата екипа во Европа! (ВИДЕО)

Вардар е новиот европски првак. Бајката започна во полуфиналето преку Барселона,а продолжи во финалето против ПСЖ кога на идентичен начин во последните секунди од натпреварот прво Циндриќ, а денес Чупиќ го матираа противничкиот голман, за победа, за трофеј за историја.

Човекот кој шестпати беше на дофат на пехарот во Лигата на шампионите конечно дојде до скапоцениот трофеј и конечно се израдува на златиот медал во елитното натпреварување. Жоан Кањељас со своето искуство и неколку одлични погодоци беше еден од најдобрите вардарци овој Ф4 викенд.