Катарина Булатовиќ за 24 Ракомет ТВ: Знам дека е супер во Вардар, но немаше сериозни преговори (ВИДЕО)

Десниот бек на репрезентацијата на Црна Гора и на Ростов Дон, Катарина Булатовиќ беше гостин на 24 Ракомет ТВ и коментираше за нејзиниот претстој во Русија. Таа е презадоволна од своите игри и од игрите на клубот, но и од тоа како е примена во Русија. Таа после трите сезони во својот втор претстој во Будуќност се пресели во Русија, каде што продолжи со одличните игри.

Летово ја поврзуваа и со Вардар, а десен бек од нејзиниот калибар секако би дошол добро меѓу „црвено-црните“ и за нападот и за одбраната. Сепак, вели дека со неа никој не контактирал.

„Мислам дека менаџерот ја заврши работата, но немаше сериозни преговори со Вардар. Сите колешки коишто се во Вардар велат дека е одлично. Итана Грбиќ беше воодушевена од целата атмосферата и од работата и од тренинзите. Слушнав сè најдобро“, изјави Катарина Булатовиќ за 24 Ракомет ТВ.

Комплетното интервју можете да го погледнете во продолжение.