Каталонците најдоа замена за Андерсон: Робледо доаѓа во Барселона

По повредата на данскиот бек Ласе Андерсон, шпанскиот гигант Барселона се пушти во потрага по негова замена. Потрагата ги однесе во Данска, во Колдинг, од каде што во Каталонија треба да се пресели искусниот Антонио Гарсија Робледо, кој подеднакво добро се снаоѓа и на лев и на среден бек.

Робледо немаше блескави партии во Данска, а и Колдинг не е во сјајна финансиска ситуација, па челниците на данскиот тим му дозволија да си замине пред истекот на договорот. Тој нема да игра за Барселона во Лигата на шампионите, бидејќи играше во Купот на ЕХФ, но ќе биде дел од тимот во дуелите од Асобал Лигата.

Робледо претхдоно беше дел од тимовите на ПИК Сегед, ПСЖ, а дел од кариерата помина и во Грањолерс и Адемар Леон.