Каталонците комплетни против шампионот: Доленец, Мем, Гонзало, Жалуз и Н’гесан се враќаат за Вардар

Тимот на Барселона комплетен и во победничка атмосфера ќе го пречека македонскиот и европски првак Вардар в сабота. Каталонците во последната пресметка во Асобал лигата славеа убедливо на домашен терен против Хуеска со 33:20.

Ристовски имаше 5 интервенции, а настапи и Де Варгас, за кого ова беше прв меч по повредата на ЕП и забележа 8 интервенции. Доскоро повредените Мем, Доленец, Н’гесан и Жалуз настапија против Хуеска но освен Н’гесан кој погоди 5 пати, другите немаа забележителен учинок.

Мечот меѓу Барселона и Вардар се игра в сабота со почеток од 18 часот.