Карбеска и Илиева ќе судат во Лига на шампиони

Најдобрата судиска двојка од Македонија во женска конкуренција, Силвана Карбеска и Марија Илиева добија убава можност за старт на сезоната. Тие ќе делат правда на натпреварите од Лигата на шампионите и тоа од квалификациската група која треба да го даде одговорот за патникот во главните групи.

Првиот меч за Карбеска и Илиева ќе биде меѓу Рокаса од Шпанија и домаќинот на туринрот Баник Мост од Чешка. Другата судиска двојка е од Литванија, а се работи за Викторија Кијаускаите и Аусра Залиене. Делегати се поранешната репрезентативка на Русија, Људмила Бодниева и еден од најдобрите судии од Полска во минатото Мирослав Баум.

Карбеска и Илиева првиот меч го имаат на 7 септември, а на 8 септември ќе имаат уште еден. После одигрувањето на полуфиналните дуели ќе се знае дали ќе го судат финалето или мечот за 3. место в недела на 8 септември.