Карачиќ: Расположените индивидуалци во финишот ни ја донесоа оваа историска победа!

СЕХА шампионот пред домашната публика ја затвори сезоната во регионалната лига со победа над Нексе 29-25. Играта која ја покажа Вардар во дуелот со хрватските вицеправаци не беше на високо ниво. Плејмејкерот на „црвено-црните“, Игор Карачиќ токму тактиката и одличниот пристап на Нексе го потенцираше како клучен за ваквиот развој на настаните, на крајот сепак пресуди квалитетот за нова, рекордна 17та победа на Вардар оваа сезона во СЕХА.

300x250

Игор Карачиќ, ракометар на РК Вардар:

Им честитам на ракометарите на Нексе за одличната игра и на тренерот Хорват кој постави добра тактика на овој натпревар. Влеговме многу лошо во прво полувреме, се боревме, но не беше онака како што треба. За среќа имавме неколку расположени играчи па затоа дојдовме до оваа значајна и за Вардар историска победа. Сега мора добро да се одмориме, бидејќи не очекува Ф4 во СЕХА.