Карачиќ: Не се женам, ама исполнет сум на љубовен план!

Во ракометните кругови одамна беше познато за врска на некогашниот ракометар на Вардар, Игор Карачиќ, со Македонката Душица Андоновска.

Хрватскиот среден бек, кој сега игра за Келце, ретко говори за приватниот живот и успешно го крие од јавноста, но сепак Андоновска на социјалните мрежи често објавува фотографии од посетите кај Карачиќ во Келце.

„Не е вистина ниту дека ќе се женам, ниту дека Душица се преселила кај мене. Јас секогаш својот приватен живот сум го држел само за себе. И во овој случај се што можам да откријам е дека сум среќен и исполнет на љубовно поле“, изјави Карачиќ за македонските медиуми.

Плејмејкерот помина седум години во Вардар, пред летово да се пресели во Келце, со кој ќе игра против македонскиот првак следниот викенд во Скопје.