Карачиќ за 24 Ракомет ТВ: Покажавме гордост, инает… Не смеевме да останеме без квалификации за ОИ (ВИДЕО)

Хрватска успеа да ја заврши групната фаза на Светското првенство со победа од 23:20 против Франција, па ова беше победа која овозможи да се обезбедат квалификации за Олимписките игри. Сосема извесно е дека на овој дуел Хрватите максимално мотивирани и дека в сабота против Шведска ќе покажат исто така игра на високо ниво.

После натпреварот против Франција, пред камерата на 24 Ракомет ТВ говореше ракометарот на Вардар, Иван Карачиќ, кој е единствениот играч на „црвено-црните“ што останува до крајот на Мундијалот.

„Ги победивме актуелниот европски првак, а потоа и актуелниот светски шампион на натпреварите на ова првенство. Горд сум на моите колеги за покажаното. Се договоривме пред натпреварот дека Хрватска не смее да остане без Олимписки игри. Покажавме гордост, инает и метнална сила и победивме една силна Франција. Ќе се обидеме да ја повториме играта и во Хернинг и на најдобар можен начин да дојдеме до финиш на првенството“, коментираше Карачиќ за 24 Ракомет ТВ.

Тој со колегите се сели во Хернинг каде в сабота ја игра последната средба на Мундијалот, а што друго изјави пред камерата на 24 Ракомет ТВ можете да погледнете во видеото во продолжение.