Карачиќ за 24Ракомет ТВ: Во одредени моменти не бев во натпреварот, нозете беа тешки поради целата атмосфера (ВИДЕО)

Игор Карачиќ по седум сезони минати во Скопје, летово се пресели во полскиот Келце и за првпат играше во македонската метропола како ривал на Вардар. Хрватот вели дека имало многу емоции кај него на овој натпревар. Од публиката доби громогласен апалуз, скандирање на неговот име, и подарок дрес од своите поранешни соиграчи.

Но, тоа не беше се. Фановите на Вардар го сардисаа по мечот. Сите сакаат да се фотографират со Игро, да го гушнат и да добијат и некој автограм. А тој, трпеливо ги исполни сите желби на навивачите.

Дуелот меѓу Вардар и Келце заврши без победник, 28-28. „Црвено-црните“ остануваат на второто место на табелата по 7 одиграни кола. Двете екипи повторно ќе играат меѓусебе во сабота, но во Полска. И двете имаат амбиции да стигнат повторно до Келн каде и лани играа.

“Беше уживање да се игра во ваква атмосфера. Одигравме нерешено, на крајот се радосни и едните и другите, можеби ние изгубивме бод, имавме шанса да си заминеме со полн плен од Скопје. Но сега не чека натпревар во Келце, ќе се подготвиме и ќе се обидеме да славиме против Вардар. Не сакам да лажам, знаев дека ќе има ваков пречек за мене тука. Јас секогаш давав сè од себе за Вардар, а тоа публиката го проценила и задоволен сум што така ме пречекаа”, изјави Карачиќ.

Целосната изјава на средниот бек може да ја погледнете во продолжение…