Карачиќ е одличен на ракометниот терен, но се покажа и како ди-џеј (ФОТО)

Дел од ракометарите на Вардар по одигрувањето на дуелот со Келце во Лигата на шампионите и на натпреварот против Загреб во регионалната СЕХА лига, ќе заминат со своите репрезентации на подготвки, а дел ќе се вратат во Скопје да тренираат од понеделник.

Еден од оние што не се врати во главниот град по дуелот со Загреб е Игор Карачиќ. Тој ќе биде дел од хрватската репрезентација на првите два квалификациски меча за пласман на Европското првенство, а слободните денови пред собирот ги минува во родниот град Мостар.

Во неговите квалитети на ракометните терени многупати сме се увериле, а на социјалните мрежи тој го откри и неговиот втор талент. Тој објави фотографија од еден ноќен клуб во Мостар каде што пушта музика, а веројатно сите присутни си поминале одлично.