Карачиќ го претстави новото засилување на Металург! (ФОТО)

Игор Карачиќ, родениот Мостарец, цели седум години го носеше дресот на Вардар, но од летово ќе има нов предизвик и ќе игра во полскиот Келце.

Сепак, и во следната сезона ќе има ракометар од Мостар што ќе игра во Македонија. Станува збор за новиот бек на Металург, Маријан Мариќ, кој е помал брат на хрватскиот репрезентативец Марино Мариќ.

Карачиќ на социјалните мрежи го најави новото засилување на тимот од Автокоманда.

„Скопје, ви доаѓа нов дечко од Мостар“, напиша плејмејкерот на Келце.