Караиванов се сели во Струмица – Астраион ќе брка Суперлига!

Тимот на Астраион од Струмица, кој лани за влакно не влезе во плеј-оф групата за пласман во Суперлигата, веќе наголемо се подготвува за новата сезона во прволигашкото друштво.

Големо засилување за составот предводен од Мики Пандев ќе биде искусниот лев бек Мите Караиванов, кој минатата сезона беше дел од Младост 09.

Покрај Караиванов, Астраион се засили и со Васе Наков, кој претходно беше дел од Вардар Јуниор, а останаа и најдобрите стрелци од лани Ончев и Стојанов, па струмичани имаат екипа што ќе конкурира за место во плеј-офот за пласман во елитата.