Караиванов без конкуренција кај стрелците во Групата 2

Играчот кој најдолго се наоѓа на врвот на Листата на стрелците во Групата 2 од Првата машка лига. Мите Караиванов успеа да постигне дури 95 гола на досегашните 12 натпревари за тимот на Младост 09 и на тој начин нема конкуренција меѓу колегите во другите тимови во лигата.

Караиванов и во последното коло имаше добро претставување и постигна 11 гола, па на тој начин само се заццврсти на првата позиција и доколку не се случи нешто непредвидено тој би требало да финишира како првопласиран на табелата после завршувањето на есенската полусезона.

Двајцата ракометари на Јуниор Кисела вода кои го следат засега се во голема негатива зад него и тешко дека ќе можат да надоместат.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА 2

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ТОП 10)

95 – Мите Караиванов (Младост 09)

81 – Лазар Ников (Јуниор Кисела Вода)

79 – Марио Гичев (Јуниор Кисела вода)

76 – Иванче Ончев (Астраион)

74 – Иван Митревски (Младост 09)

64 – Ристо Трајковски (Вардар Неготино)

63 – Димитар Коцев (Вардар Неготино)

61 – Бојан Крстов (Текстилец)

60 – Марко Митревски (Риниа М)

58 – Симон Попов (Текстилец)