Карабатиќ стигна во Берлин, од трибини ги бодри соиграчите (ФОТО)

Еден од најдобрите светски ракометари, Никола Карабатиќ, беше повреден и не требаше да биде дел од Мундијалот во Германија и Данска. Но „триколорите“ очигледно дека ќе добијат помош од својата ѕвезда, бидејќи тој порано од очекувањата доби зелено светло од докторите.

Со оглед на тоа што се наоѓа на списокот од 28 ракометари нема да биде никаков проблем селекторот Дидие Динар да го пријави и Карабатиќ да влезе како замена за некој од колегите.

Инаку, дуелот против Бразил покажа проблеми во играта на Франција, па затоа е сосема извесно дека Динар ќе се одлучи да го вклучи во репрезентацијата. Никола веќе пристигна во Берлин и од утре ќе се стави на располагање на селекторот.

Тој ги бодри своите соиграчи на дуелот со Србија од второто коло во Берлин.