Капоте доживеа тешка сообраќајна несреќа, кариерата под знак прашалник

Кубанецот со катарски пасош, Рафаел Капоте, можеби во иднина нема да игра ракомет, откако доживеа тешка сообраќајна несреќа, во која настрадал неговиот рбет. Во прв момент, имало стравувања дека би можел да остане комплетно неподвижен, но сепак неговата физичка подготвеност била причина што повредите не биле тешки.

Можеби најдобриот катарски репрезентативец во моментов, го очекува пауза од најмалку шест месеци, иако постојат и шпекулацџи дека нема да биде способен да му се врати на ракометот.

Катарците не седат со скрстени раце и веќе работат на случајот. Вуко Борозан е нивна желба, а неговата добра конекција со Жарко Марковиќ, Црногорецот во Катар, води кон тоа дека левиот бек на Вардар во иднина ќе го носи катарскиот дрес.