Капитенот на Фленсбург заминува во легендите: Тобијас Карлсон ја игра последната сезона!

Некогашниот шведски репрезентативец и сегашен член на германскиот шампион Фленсбург – Тобијас Карлсон ја игра својата последна сезона во кариерата.

Титули во Лигата на шампионите, во Бундес лигата и во Купот на Германија, како и многубројни учества со Шведска на ЕП, СП и ОИ, го прават Карлсон еден од најтрофејните шведски ракометари.

Тој беше во центарот на вниманието и поради тоа што сакаше да носи лента со виножито, односно со боите кои се карактеристични за ЛГБТ заедницата и со тоа да им даде поддршка, но не доби дозвола.

Кариерата ја започна во шведскиот Хасто, играше за норвешкиот Ставангер, па кратко за Хамарби, пред да се пресели во Кил и Нордхорн.

Во Фленсбург е од 2009 година и ја игра десеттата сезона, па стана вистинска легенда на клубот. За шведската репрезентација настапи на 180 натпревари и постигна 81 гол.