Капитенот во ТОП 3: Лазаров е трет стрелец во квалификациите за ЕП

Машката репрезентација успешно ги заврши квалификациите за пласман на Европското првенство и обезбеди место на континенталниот собир следната година.

Македонија победи на четири меча против Исланд, Турција и Грција, на еден одигра реми и загуби само еден, што беше доволно за првото место во квалификациската група.

Капитенот Кире Лазаров е најдобар стрелец во нашата селекција, и вкупно трет во квалификациите со 43 голови.