Канељас потпиша за Кристијанштад (ФОТО)

Марк Канељас(22), кој е помлад брат на  ѕвездата на Вардар-Хоан Канељас,од следната сезона ќе настапува во Шведска.

Помладиот Канељас потпиша двегодишен договор со екипата на Кристијанштад, чиј дрес ќе го носи до 2020 година. Ова ќе биде прво интернационално искуство за шпанецот кој во Шведска се сели од екипата на Гранолерс каде настапуваше четири сезони.

Марк Канељас игра на позицијата централен бек, висок е 190 цм, а тежо 91 кг.

“Марк е еден од најголемите таленти што доаѓаат во светскиот ракомет. Тој веќе дебитираше во шпанскиот национален тим, настапувајќи на два натпревари во квалификациите за ЕП. Одлично ја разбира ракометната игра, и способен е сам да се избори за позиција на теренот. Исто така знае одлично да ја разигра екипата. Се уште не е толку добар како неговиот брат но сигурни сме дека одлично ќе се вклопи во нашата екипа”- изјави спортскиот директот на Кристијанштад- Јеспер Ларсон.

Веќе е познато дека и постариот Канељас на ќе го промени клубот на крајот на оваа сезона. Хоан, овој викенд  во Келн ќе се обиде со Вардар  да ја одбрани европската титула, по што си заминува во Унгарија, каде ќе настапува за екипата на Пик Сегед.