Како ќе изгледаат дресовите на Еурофарм Пелистер? (ФОТО)

Иако се чека подолго од очекуваното и уште не е официјално, сепак во Битола наскоро би можел да профункционира Еурофарм Пелистер.

Овој тим во првата сезона на меѓународна и домашна сцена би го носел името Еуфофарм Пелистер, а би имал две гарнитури дресови.

Ракометарите на Еурофарм Работник што ќе бидат дел од СЕХА лигата, веќе позираа со дресовите и направија фотосесија за регионалната конкуренција за секој случај со два пара дресови.

Најпрво во нивните сино-бели со кои играа во Струга и Добој, а потоа уште една фотосесија со сино-бела-зелена комбинација со грбот на Пелистер.

Како изгледаат дресовите на Еурофарм Пелистер можете да видите на фотографијата подолу…

Фото: apla.mk