Како помина 2. коло на СП за жени: Унгарија остана без бодови и после вториот меч

Средбите од 2. коло поминаа без поголеми изненадувања кои беа дел од стартот на шампионатот во Германија, па фаворитите полека влегуваат во форма.

Денеска главното внимание беше насочено кон пресметките на Унгарија и Шведска и Црна Гора и Русија.

Швеѓанките успеаја да се снајдат подобро во второто полувреме против Унгарките и да покажат дека и на ова првенство ќе бидат во конкуренција за висок пласман. Иако тргнаа лошо со пораз од Полска, сепак, формата им е далеку подобра и на следните средби сигурно ќе покажат уште подобро издание. Во таква ситуација не се репрезентативките на Унгарија кои загубија уште еден меч против директен конкурент за место во осминафиналето.

Црна Гора и Русија имаа исто така интересна средба, а после вчерашната доминација на Црногорките против Данска, денеска немаше можност за повторување на успехот. Русинките знаеја со кого се соочуваат и успеаја да се спротистават на најдобар можен начин и останаа на врвот на табелата во групата Ц.

Комплетниот преглед на резулатите од 2. коло и табелите во четирите групи можете да го видите во продолжение.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО – ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО

ГРУПА А

СЛОВЕНИЈА – РОМАНИЈА          28:31 (14:14)

АНГОЛА – ФРАНЦИЈА   19:26 (10:11)

ПАРАГВАЈ – ШПАНИЈА 15:32 (6:16)

ТАБЕЛА: 1. Шпанија 4 бода (60:39); 2. Романија 4 (60:45); 3. Словенија 2 (52:54); 4. Франција 2 (49:43); 5. Ангола 0 (43:54); 6. Парагвај 0 (32:61).

ГРУПА Б

ПОЛСКА – ЧЕШКА           25:29 (15:12)

УНГАРИЈА – ШВЕДСКА 22:25 (11:11)

АРГЕНТИНА – НОРВЕШКА           21:36 (13:18)

ТАБЕЛА: 1. Норвешка 4 (66:43); 2. Чешка 4 (57:47); 3. Полска 2 (58:59); 4. Шведска 2 (55:55), 5. Унгарија 0 (44:55); 6. Аргентина 0 (43:64).

ГРУПА Ц

ТУНИС – БРАЗИЛ            22:23 (13:10)

ЦРНА ГОРА – РУСИЈА   24:28 (12:15)

ЈАПОНИЈА – ДАНСКА    18:32 (5:16)

ТАБЕЛА: 1. Русија 4 (64:40); 2. Бразил 3 (51:50); 3. Црна Гора 2 (55:52), 4. Данска 2 (56:49), 5. Јапонија 1 (46:60); 6. Тунис 0 (38:59).

ГРУПА Д

КАМЕРУН – СРБИЈА       21:34 (9:20)

КИНА – ХОЛАНДИЈА     15:40 (9:20)

Ј. КОРЕЈА – ГЕРМАНИЈА              18:23 (10:11)

ТАБЕЛА: 1. Србија 4 (77:44); 2. Германија 4 (51:33); 3. Јужна Кореја 2 (42:45); 4. Холандија 2 (62:39); 5. Камерун 0 (36:62); 6. Кина 0 (38:83).

Фото: nemzetisport.hu