Како полските навивачи му дадоа поддршка на селекторот Душебаев (ФОТО)

За прв пат откако Талант Душебаев поднесе оставка од селекторската функција во Полска по ремито со Белорусија, шпанецот имаше натпревар со својот клуб во рамките на националната лига. Затоа навивачите на Киелце во знак на поддршка изработија маски со ликот на нивниот омилен тренер и заедно со транспаранти за поддршка го покажаа своето мислење веднаш по звукот на првата судиска свирка.

Со овој гест фановите на полскиот шампион го дадоа своето мислење за критиките кои полската јавност ги упати кон селекторот поради лошите резултати на полската национална селекција. Душебаев не успеа да избори пласман на Европското првенство во Хрватска 2018 година, токму затоа неговата оставка беше прифатена од претседателот на Полскиот ракометен сојуз.

Душебаев не се снајде ниту на клупата на Унгарија која ја предводеше на Европското првенство во Полска 2016 година. Веднаш потоа ја превзема селекцијата на Полска, со која обезбеди пласман на Олимписките игри и Светското првенство во Франција, но лошиот почеток на квалификациите за следниот континентален собир и неколку неочекувани порази од Романија, Србија и Белорусија беа доволна причина за крај на уште една неуспешна селекторска приказна.