КАКО НА ВИДЕО ИГРА- ЕХФ ја претстави македонската репрезентација (ВИДЕО)

Остануваат уште две недели до почетокот на тринаесеттото издание на Европското ракометно превенство, кое од 12 до 28 јануари ќе се одржи во Хрватска. Македонија ќе настапи во Загреб во групата Ц заедно со Словенија Германија и Црна Гора, а првите натпревари ќе започнат на 13 јануари.

300x250

Веќе традиционално медиумскиот партнер на ЕХФ пред почетокот на првенството атмосферата ја подгрева со претставување на сите земји учеснички. Овојпат тие се одлучија на специфичен начин да го отсликаат патот на секоја репрезентација која ќе ја гледаме на овој континентален собир.

Повозрасните генерации ги паметат старите видео-игри, а токму графиката која ги презентира репрезентациите на континенталниот собир ќе ве врати во времето кога популарни беа „флиперите“, видео конзолите и жетоните…