Како изгледа кога Штербик и Де Варгас набиваат комплекси (ВИДЕО)

Голманите на Вардар и на Барселона пред две недели станаа европски шампиони, а во саботата имаа пресметка во Шпанија. Арпад Штербик и Перез де Варгас уште еднаш потврдија дека се работи за одлични голмани и имаа неколку прекрасни интервенции.

300x250

Кога тие бранат дефинитивно е тешко да се бие во голот на противникот бидејќи како од шега собираат најмалку десет одбрани и едноставно им набиваат комплекси на противничките ракометари.

Како изгледаше сето тоа на теренот може да се види во видеото во продолжение, а дефинитивно Штербик и Де Варгас се меѓу најдобрите пет голмани во светот во моментов.