Како ЕХФ ги собираше статистичките податоци на завршниот турнир во Келн (ВИДЕО)

На годинешниот фајнал-фор во Келн, ЕХФ на гледачите им понуди ново искуство во следење на натпреварите. Со специјална техника го регистрираше секое движење на ракометарите и објави податоци кои до тогаш не се водеа во статистиките.

Сосема нова статистика за која прв пат гледачите добиваа податок беше времето кое го поминува еден играч во скок при шут, исто така и висината на одразот. Покрај тоа се регистрираше и брзината на секој шут, местото каде што завршува топката во гол и секоја одбрана.

ЕХФ објави видео во кое прикажа како се собираа податоците во аналитичкиот центар, во продолжение погледнете го.