Каков цар: Балиќ си вози ролери во својот стан! (ВИДЕО)

Еден од најдобрите ракометари на сите времиња, а за многумина и најдобар-Ивано Балиќ,беше неприкосновен на ракометните терени. По завршувањето на својата играчка кариера хрватот се насочи кон тоа да го пренесува своето ракометно знаење на помладите, а заедно со Петар Метличиќ преку академијата Балиќ-Метличиќ одлично го прави сето тоа.
Ивано Балиќ меѓудругото е познат и по тоа што сака да експериментира и пробува нови работи. Покрај бејзболот, Балиќ овојпат на Инстаграм се пофали дека го имал своето деби на ролерки. Сигурно веќе го замислувате на патека во некој парк, но грешите.. Своето прво возење Ивано го имаше ни помалку ни повеќе туку низ својот стан. И од приложеното можеме да констатираме дека беше прилично успешно деби на ролери.

First rollerblade steps😂 #zivikaodasanjas #handballgoat #weilDuDasSpielLiebst #NJDevils

A post shared by Ivano Balic (@ivanobalic_official) on

Започна со кошарката, блесна во ракометот, ролерките се моментална преокупација… Со што следно ќе не изненади ракометниот Моцарт? Едно е сигурно.. Со Ивано Балиќ никогаш не е досадно.