КАДЕ ОДИ ЖЕНСКИОТ РАКОМЕТ? Кога Македонија се мачи и против Косово…

Женската младинска репрезентација на Македонија ќе игра за пласман на петтото место на ЕХФ шампионатот во Литванија, откако славеа над Косово со 31-30

Избраничките на Јулијана Дамчевска тргнаа многу лошо во натпреварот и губеа со 0-7 од противникот. Сепак до крајот на полувремето со добрата партија на голот на Јована Мицевска, нашите младинки постигнаа 14, а примија само пет, па на пауза заминаа со предност.

Косово израмни на стартот на вториот дел, но последните петнаесетина минути Македонија стигна до водство од четири голови. На две минути до крајот беше 31-27, а противничките ракометарки со пресинг игра, пресекоа неколку топки, дадоа брзи голови и на 15 секунди крајот беше 31-30.

Македонија доби седмрец по истекот на времето, но Седлоска не погоди и резутлатот остана 31-30. Утре нашите младинки ќе играат за петтото место против Фарски Острови.

Иако е победа, овој резултат е рамен на пораз и мора да делува отрезнувачки кај луѓето што се задолжени за женскиот ракомет во Македонија. Нашата држава е домаќин на сениорско ЕП за три години, а дел од овие ракометарки што едвај го победија Косово треба да се меѓу носителките на играта.