Кадетската селекција од утре во Клуж на Трофеј „Карпати“

После едната контрола со Јужна Кореја и двете со селекцијата на Унгарија, кадетската репрезентација на Македонија од утре ќе има нов предизвик и ќе игра на турнирот во Романија.

300x250

Трофеј „Карпати“ за младинци и кадети од утре до недела се одржува во Клуж каде репрезентативците на Македонија ќе имаат можност да ги одмерат силите со селекциите на Романија, Холандија и Италија.

Ова ќе биде одлична можност за нова проверка на можностите, а тука се очекува и многу повисоко ниво на игра на кадетската селекција за која ова се подготовки за ЕХФ-шампионатот во Грузија во август, но и за Светското првенство кое се одржува следното лето во Скопје.

Комплетниот распоред ќе биде познат во текот на денот, а со оглед на тоа што се игра во група јасно е дека ќе се одмерат силите со секој од противниците.