Кадетките финишираа со пораз, завршија на 6. место

Ракометарките кои беа дел од ЕХФ-шампионатот во Италија завршија на 6. позиција. Македонија денеска загуби од кадетките на Белорусија до 36:40 во меч кој имаше многу голови.

И двете репрезентации имаа по едно полувреме. Македонија беше подобрата селекција во првите 30 минути. Успеа да го добие овој дел до 22:19, но потоа работите тргнаа во лош правец во вториот дел. Белорусинките одиграа подобро и многу ефикасно со што целосно го свртеа мечот во своја корист.

Откако ја неутрализираа предноста на Македонија, противничките дојдоа и до позитива, па на крајот славеа со 40:36 со што се реваншираа за поразот во групната фаза. На тој начин Македонија заврши на 6. место на турнирот на кој имаше и неколку добри игри.

МАКЕДОНИЈА  – БЕЛОРУСИЈА  36:40 (22:19)

Сала: Палагетур во Лигнано. Гледачи: 50. Судии: Џана Стела Мериси и Јулијана Александра Роска од Италија. Делегати: Телемачос Савидес од Кипар и Јиржи Конечни од Чешка.

МАКЕДОНИЈА: Грујовска, Трајкоска, Јовановска, М. Ѓорѓиевска, С. Ѓорѓиевска 6, Белевска 1, Џатевска, Гроздановска 2, Јанкуловска 13, Костовиќ 3, Миновска, Седлоска 4, Коларовска 5, Петковска, Стојановска, Дамјаноска 2.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 6 мин.

БЕЛОРУСИЈА: Фурсевич, Радзионава, Салеи 1, Башевич, Арлова , Навицкаја, Марцинович, Вакулич 5, Хапањук 12, Иванчикава 3, Сивука 10, Сотникава 4, Чаплијајева 3, Мазун 1, Кузмијанкова, Петрачкова.

Седмерци: 3/6, Исклучувања: 6 мин.