Кадетките првпат на собир – Пановски почнува со 32 ракометарки

Селекторот на женската репрезентација на Македонија во кадетска конкуренција, Владимир Пановски утре ги собира ракометарките од кои ќе треба да го одбере најдоброто за ЕХФ-шампионатот. Пановски првпат ја собира оваа генерација во која се наоѓаат ракометарки родени во 2002 година и помали.

Тој се одлучи да повика вкупно 32 ракометарки и од нив ќе има можност да ги избере најдобрите 16. Ова е прв собир пред ЕХФ-шампионатот кој се одржува во Италија од 3 до 11 август. Македонија е во групата Б, а таму се и селекциите на Полска, Белорусија, Азербејџан и домаќинот Италија. Во другата група се: Чешка, Турција, Исланд, Косово и Израел.

Собирот ќе биде утре од 9:30 часот во салата во „Автокоманда“ и ова ќе биде прва можност за да се види на кои ракометарки ќе може да смета во следниот период.