Каденас е новиот предводник на Аргентина

Еден од најдобрите стратези во светот, Мануел Каденас е нов селектор на репрезентацијата на Аргентина. Договорот на Каденас трае до завршувањето на Олимписките игри во Токио, односно планот на аргентинската федерација е да се направи конкурентен тим за Олимпијадата.

Каденас е втор Шпанец што ќе ја предводи Аргентина. Во периодот од 2004-2006 на клупата на ,,гаучосите’’ беше Жорди Рибера. Минатата година Каденас замина од тренерското столче на Висла Плок и ја напушти селекторската функција во репрезентацијата на Шпанија, Аргентина ќе биде сериозен предизвик за шпанскиот стручњак.

Во богатата кариера Каденас ги предводеше тимовите на Наранко, Кантабрија, Ваљадолид, во два наврати екипата на Адемар Леон,  Барселона, а последен  клуб кој го предводеше  беше Висла Плок.

Благоја Филиповски/Д.А