Кавадарчани лесно до три бода во Гевгелија

Екипата на ГРК Тиквеш иако беше некомплетна и со помлади ракометари на гостувањето во Гевгелија успеа да се избори за висока победа од 34:21.

Ова беше очекуван триумф за кавадарчани кои покажуваат дека целат кон плеј-офот и во следните четири кола ќе треба да покажат дека имаат сили да се изборат напролет да играат со тимовите кои ќе се борат за Супер лига.

ГРК Тиквеш доминираше во текот на целата средба. Уште во првото полувреме беше обезбедена висока предност која се чуваше без проблем така што на крајот се стигна и до плус 13 за потврда на улогата на фаворит на овој дуел.

ПАРТИЗАН – ГРК ТИКВЕШ          21:34 (9:16)

Сала: 26 Април во Гевгелија. Гледачи:100. Судии: Виктор Начевски одСкопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

ПАРТИЗАН: Ѓ. Костадинов, Љатев, Стојков, Камчев 6, Д. Костадинов 2, Вегов 2, Трајков 1, Р. Костадинов, Мандалов 2, Д. Узунчев, Анѓелов, Т. Узунчев 7, Велев, Ангов, Маренчев 1, Јанев.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 10 мин.

ГРК ТИКВЕШ: Ки.Петров, Јаколев, Димовски 4, Толев 1, И. Анѓелковски 1, Витанов 6, Ампов 1, пеовски 4, Петропулос 1, Лазов 3, Тодоров 1, Јовановски 3, П. Петров 1, Ко. Петров 5, М. Анѓелковски, Ристов 3

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 2 мин.