Кавадарчани влегоа во серија, подобри и од Преспа

Еден од поинтересните дуели во 9. коло од Првата машка лига во Групата 1 го одиграа тимовите на ГРК Тиквеш и Преспа, а нијансите пресудија победата да им припадне на ракометарите од Кавадарци со 30:27.

Тие на овој меч беа без искусниот Левов, а на клупата го немаа и тренерот Драган Сукара кој е казнет. Сепак, ова не им попречи во давањето максимум на теренот и обезбедувањето на триумф. Тиквеш водеше постојано и беше во позитива во вторите 30 минути.

Откако Преспа имаше повеќе од играта во првите дваесетина минути, домашните успеаја да се вратат и на одмор да заминат со предност од еден гол и да имаат водство од 15:14. Вториот дел беше поинаков. Кавадарчани постојано беа во предност од 3-4 гола разлика и без поголеми проблеми успеаја да се изборат за победа на крајот. Гостите од Ресен не можеа да следат, па оттаму ГРК Тиквеш успеа да ги добие трите бода.

ГРК ТИКВЕШ – ПРЕСПА                30:27 (15:14)

Сала: „Јасмин“ во Кавадарци. Судии: Михајло и Методија Илиевски од Битола. Делегат: Сашо Јанкуловски од Битола.

ГРК ТИКВЕШ: Димитров, Ки. Петров, Димитриев, Ко. Петров 4, Ангелков, Минов, П. Петров 1, Ангелковски, Грозданов 9, Витанов 2, Јовановски, Лазов 4, Димовски 4, Јошев, Ампов, Пеовски 6.

Седмерци: 5/6, Исклучувања: 6 мин.

ПРЕСПА: Стеврески, Тасевски 1, Јошевски 2, Шабединовски 1, Ќулумовски, Шиклески 2, Андоновски, Савевски, Ристевски, Башевски 10, Даскаловски 7, Ѓорѓиевски 1, Стефановски, Мирков 3, Котевски.

Седмерци: 3/5, Исклучувања: 18 мин.