И тоа е ракомет: Дадоа 63 голови, но на крајот загубија

Вкупниот број на голови, 128, на мечот од Втора Дивизија во Норвешка (трета конкуренција по ранг) меѓу Стал Норпеланд и Нарбо 2, кој заврши со резултат 63:65, беа доволни да се надмине светскиот рекорд по број на постигнати голови, па овој натпревар, како и ракометарите и тренерите, ќе си најдат место во ракометната историја. Уште по првиот дел кој заврши 29:34, се знаеше дека ќе има уште многу голови до крајот на средбата.

„Беше многу забавно и лудо. Но, сепак чудно е да постигнете дури 63 голови и на крајот да загубите. Сигурно ќе си помислите дека немаше голмани на овој натпревар, но Наербо е најдобриот тим во оваа конкуренција и ние решивме да играме седум на шест во секој напад. Тие играа многу агресивна 3-3 одбрана и честопати не чуваа дури од средината на теренот. Пропуштивме барем десетина стопроцентни шанси, кои доколку ги реализиравме, ќе имаше уште многу голови. “ – коментираше домашниот тренер.

Овој натпревар со вкупно 128 голови, би требало да биде прв во ракометната историја. Најмногу голови досега, 117, биле постигнати на репрезентативниот дуел меѓу Бахреин и Индија на Азискиот младински шапионат минатата година во машка конкуренција, кој заврши 86:31.