И Пешевски со минимален придонес во поразот на Штутгарт

Жарко Пешевски со Штутгарт на домашен терен забележа пораз од Хановер со 23:28 во 6. коло од Бундес лигата.. Македонскиот репрезентативен пикер на овој натпревар еднаш успеа да се запише во листата на стрелците.

Единствената непоразена екипа Хановер која е лидер во Бундес беше пресилна за Пешевски и неговиот тим. Постојано гостите ја имаа контролата на натпреварот и лесно запишаа два нови бода за зацврстување на првото место на табелата. На полувреме беше 9:15.

Шанса за прва радост Пешевски во Бундес лигата ќе има на следниот дуел против Гепинген на гостински терен. Во овој момент Штутгарт е на претпоследната позиција со само еден бод.