И од Прва Лига се прави трансфер во странство: Двајца Македонци на печалба во Португалија

Голманот Борче Ристевски и левиот бек Бобан Попов од Преспа, односно Текстилец, заминаа во Португалија и се нови членови на амбициозниот второлигаш Деспортиво о Мариенсеш, со кој потпишаа едногодишни договори.

300x250

Ристевски потекнува од Ресен и освен за Преспа и Младост Ресен, има настапувано и за тимовите на Драчево и Работник, додека Попов потекнува од Штип од составот на Текстилец. Двајцата веќе дебитираа за новиот тим.

Деспортиво о Мариенсеш славеше на домашен терен над еден од конкуренти за пласман во повисок ранг, тимот на Сисмариа со 28:23, а Ристевски на голот забележа 14 интервенции, додека Попов беше втор стрелец на тимот со 5 голови.