И оваа ракометарка ќе стане македонска снаа (ФОТО)

Ракометарката која го напушти тимот на Вардар исто како и нејзините колешки со завршувањето на сезоната, а се пресели во Ростов Дон е потенцијална македонска снаа. Таа е во врска со најдобриот македонски тенисер, а иако веќе неколку месеци се во врска сега го направија тоа и со потврда на социјалните мрежи.

Полина Кузнецова е заедно со тенисерот Томислав Јотовски, а со оглед на тоа што се работи за голема љубов таа наскоро може да стане и македонска снаа, па да се вклучи во друштвото на уште неколку други ракометарки кои дојдоа од другите земји и останаа во Македонија.

Кузнецова играше само една сезона за Вардар. Дојде минатото лето, но не можеше да остане подолго време бидејќи клубот ги ослободи сите ракометарки. Русинката се врати во својата земја и во новата сезона ќе го носи дресот на Ростов Дон.

Тоа значи дека и љубовта ќе биде на далечина, но тоа сигурно нема да биде проблем бидејќи Јотовски е постојано на турнири и сигурно ќе се погоди и некој турнир во Русија.

Фото: Facebook/Instagram