И Наѓ сака дрес од Штербик (ФОТО)

Човекот кој е најзаслужен за освојување на титулата во Лигата на шампионите, голманот на Вардар, Арпад Штербик, деновиве беше гостин на ракометниот камп  кој го организира унгарскиот бек Ласло Наѓ.

Десниот бек на Веспрем и капитен на унгарската репрезентација традиционално на почетокот на летото го организира ракометен камп за млади талентирани ракометари, а оваа година како дел од специјалните гости беше и легендарниот Арпад Штербик.

Освен младите кампери кои имаа привилегија да учат од еден од најдобрите ракометни голмани на планетата, и Наѓ го искористи овој камп да „ќари“ дрес од европскиот шампион со потпис од величината како што е Арпад Штербик.

Следната сезона Вардар го брани трофејот во Лигата на шампионите, а двајцата пријатели може да се сретнат во елиминациската фаза бидејќи Вардар и Веспрем ќе ја започнат сезоната во различни групи.