И младинците на контрола: Брестовац има 27 јуниори за избор за двобојот против Бугарија

Селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Данило Брестовац ги соопшти имињата на ракометарите на коишто смета за контролните средби против соодветната селекција на Бугарија на 22 и 23 декември во Габрово.

Брестовац на поширокиот список вклучи 29 ракометари, а од нив ќе треба да бидат одбрани оние коишто ќе патуваат за Бугарија. Ќе има краток собир, а тренинзите ќе почнат на 19 декември.

Во тимот има и дел од ракометарите коишто беа и на Светското првенство во Алжир и го освоија 6. место, па нивното искуство ќе биде драгоцено за средбите коишто ќе претстојат против Бугарија, но и во следните квалификации.

Меѓу повиканите се најдоа следните ракометари: Матеј Петковски, Марио Танкоски, Димитар Димитриоски, Мице Шилегов, Дејан Гошевски, Филип Арсеновски, Марко Божиновски, Дарко Кондев, Андријан Тодоров, Кристијан Трајковски (Металург 2), Дејан Кукуловски, Стефан Чакалиќ, Стефан Атанасовски, Антонио Николовски, Стефан Крстевски, Иван Димитровски, Кристијан Анѓелковиќ (Вардар јуниор), Дарио Петровски, Андрија Мандиќ (Е. Работник), Марио Милошевски, Христо Биковски (Вардар), Томислав Јагуриновски (Пелистер), Рудолф Билиќ (Борец), Томче Стојановски, Марко Трајковски (Бутел Скопје), Даниел Андоновски, Мартин Ивановски (Охрид), Давор Шокоски, Јане Нешкоски (Прилеп).