И младата талентирана голманка го напушти Вардар, кариерата ја продолжува во Ница

Младата и талентирана голманка од Вардар, која беше дел и од Медитеранските игри нема да настапува за „црвено-црните“ во новата сезона. Таа се сели во Франција и го засилува тимот на Ница каде тренер е Марјан Колев.

300x250

Јована Мицевска се очекуваше да биде на голот на „новиот“ Вардар, но нема да има ништо од тоа и таа во новиот шампионат ќе се бори за место во тимот кој има големи амбиции во новата сезона.Без разлика на нејзината младост, Јована успеа да остави одлични впечатоци во дресот на Вардар и така да го привлече вниманието на францускиот тим.

За својот нов тим потпиша тригодишен договор. Со само 18 години таа добива огромно искуство и тоа ќе биде драгоцено за натамошниот дел од кариерата.

Се очекува нашата нова надеж да биде трет избор за голот на Ница во кој настапуваат голманките Марија Чолиќ и Хатаду Сако и ќе помогне многу во целта на нејзиниот нов тим да стигне до горниот дел од табелата во домашниот шампионат.