И Мешков Брест си најде нов тренер

После Висла Плоцк уште еден тим кој е дел од Лигата на шампионите си најде тренер за новат сезона. Како што 24Ракомет најави уште пред околу еден месец Маноло Каденас седнува на клупата на Мешков Брест и во новата сезона ќе се обиде да донесе далеку подобри резултати за шампионот на Белорусија.

Каденас е добро познат тренер кој во минатото беше селектор на Шпанија, а во последната година работи со селекцијата на Аргентина со која успеа да се пласира на Мундијалот во Германија и во Данска.

Во краток период Аргентинците прво го освоија сребрениот медал на Јужноамериканските игри, а потоа на Пан-американскиот шампионат беа најдобри и како златни се квалификуваат на следниот Мундијал.

Маноло Каденас веќе има искуство со настапи во европските купови бидејќи беше тренер на Висла Плоцк, а таму во новата сезона ќе работи неговиот сонародник Хавиер Сабате.