И кадетките во акција: Селекторот Пановски повика 22 ракометарки за подготовките

Женската кадетска репрезентација на Македонија в понеделник почнува со подготовките за настап на ЕХФ-шампионатот во Италија, а селекторот Владимир Пановски ги соопшти имињата на 22 ракометарки на кои смета за овие подготовки.

На почетокот на тренинзите ќе му недостигаат дел од девојките со оглед на тоа што се дел и од младинската селекција, но тие од понеделник го имаат предизвикот на ЕХФ-шампионатот во Литванија, па ќе можат после една недела да се приклучат на кадетскиот состав.

Се работи за генерација на девојки родени 2002 година и помали. Ова ќе им биде прв ваков предизвик, а на селекторот е да ги одбере најдобрите кои ќе можат да покажат најмногу на теренот на средбите во Италија.

Во составот на стартот од подготовките имаше место за 22 ракометарки, а Пановски се одлучи за следните ракометарки.