И ЕХФ призна: Ни Меси не може да дрибла на фудбалски терен, како Скубе на ракометен (ВИДЕО)

Организаторот на играта на Вардар, Сташ Скубе уште еднаш покажа одлично издание и беше еден од предводниците на „црвено-црните“ на одличниот дуел против ракометарите на Келце. Тој имаше одлична партија и придонесе многу за бодот, а лесно можеше да биде и херој и да донесе победа. Сепак, и 28:28 беа успех.

Два од погодоците на Скубе се издвоени од страна на ЕХФ, како посебно добри особено поради неговите дриблинзи. Неговата финта е волшебна и тешко може некој да го запре кога ќе тргне во налет.

Како изгледаа тие моменти можете да видите во видеото во продолжение.