И донесе победа на Чешка пред три дена, но нема виза за реваншот во Русија

Ветеранот од Чешка, кој веќе три децении успешно ги бранеше боите на репрезентацијата и на неколку екипи, Петр Штохл одлучи да стави крај на својата богата кариера, а тоа го направи на одличен начин.

Штохл бранеше на дуелот против Русија на кој заедно со колегите успеа да направи пресврт и од минус пет на полувремето (12:17), да дојде до победа на крајот од дуелот со 27:26.

После овој натпревар Штохл изјави дека тоа бил неговиот последен меч во дресот на Чешка.

„Драго ми е што помогнав на вака важен натпревар, но тоа беше мојот последен меч во кариерата. Нема да можам да играм на реваншот. Јас дури немам ни виза за таа средба“, изјави Штохл.

Исто така беше интересна и неговата изјава дека веќе му е тешко да го одржи ритамот со конкуренцијата.

„Станува сè потешко на теренот. Едноставно не можам да го следам ритамот, а и не треба да чекам мои соиграчи да станат моите внуци“, изјавува во шега Штохл.