И дамите добиваат Светско клупско првенство

По примерот на машкиот Супер глоуб турнир кој секоја година се одржува во Катар, од 2019 година и најдобрите женски тимови ќе ги одмеруваа силите во битката за титулата најдобар клуб во светот.

300x250

Првиот човек на ИХФ го соопштил ова при посетата на Кина. Веќе најавил дека Кина ќе биде организатор на ова натпреварување, а на него ќе доаѓаат шампионите на сите континенти и веројатно уште некој од најдобрите клубови во Европа.

Инаку, машкиот Супер глоуб годинава ќе се одржи во октомври во Катар, па продолжува битката за најдобар клуб во светот. Со проширувањето на натпреварувањата и во женска категорија ќе се добие на нов квалитет.

Ова практично ќе биде враќање на битката за најдобар клуб во светот која во минатото имаше обиди за заживување, но не се оствари како што се планираше.