И волкот сит и овците на број: Традицијата продолжува, Македонија е на ЕП (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометната бајка во Македонија продолжува, а за одржување на нивото на спортски адреналин се погрижија ракометните сениори кои по петти пат ќе играат на Европско првенство.

Во пресрет на последниот квалификациски дуел, ниту на Чешка и зависеше пласманот на ЕП, а ниту на Македонија. Двете селекции одиграа за престиж, за прво место во групата 4. Ако поразите во Скопје значеа крај на квалификацискиот пат за селекцијата на Чешка, овојпат иако претрпе висок пораз, се радуваше на нов пласман на континенталните собири. Македонија пак отиде чекор понапред, одигра за себе, докажа дека е над противникот и со убедлива победа го зачини пласманот на првото место кое ги води во барабаните на носителите во ждрепката за ЕП.

Чешка немаше никакви шанси ниту да размислува дека може да ни го расипе славјето. Македонските ракометари како никогаш досега играа лесно, прецизно, зрело и пред сѐ мотивирано и без губење на апетитот за постигнување голови.

Ова е само почеток на една нова ракометна приказна што допрва ќе ја раскажуваат ракометарите.