И Вардар и Металург со играч во идеалниот тим: Борозан го „изрешета“ ПИК Сегед, Гуглета го наполни Мотор (ВИДЕО)

Иако ниту Вардар, ниту Металург не успеаја да победат во дуелите против ПИК Сегед и Мотор Запорожје, сепак може да бидат среќни и што не загубија на гостувањата во Унгарија и во Украина. Но и покрај тоа ЕХФ смести двајца ракометари од македонските претставници во идеалниот тим на 4 коло.

Борозан мечот во Сегед го заврши со 8 погодоци и беше творец на пресвртот на  „црвено-црните“ во вториот дел. Гуглета натпреварот со Мотор го заврши со 7 голови, и беше најзаслужен што Металург во првиот дел на гостувањето во Украина водеше и со 9 голови. Погледнете го прилогот на ЕХФ за идеалниот тим ТУКА…