И Брест застана во редот за Неагу

Репрезентативката на Романија, Кристина Неагу која настапува за ЦСМ Букурешт не може да се договори со управата на клубот за платата во следните сезони. До оваа сезона платата која ја добива изнесува 17.500 евра, но за следните сезони од управата бара да и биде зголемена за 2.500 до 3.500 евра.

ЦСМ Букурешт сè уште не може да ја убеди Неагу да го продолжи договорот, а таа веќе има понуди од други клубови. Покрај најавите дека кариерата ќе ја продолжи во Ѓер, тренерот на Турингер, Херберт Милер кој е роден во Романија, прашан дали Букурешт може да ја зачува Неагу,  даде неочекувана изјава:

„Се надевам дека нема да оди во Брест. Тоа ќе биде лошо. Кристина е многу добра ракометарка и се вклопува во плановите на секој тренер. Слушнав дека има многу добра понуда од Брест, мислам дека нема да се пресели во Ѓер. Ќе одлучува помеѓу Брест и Букурешт. Се надевам ќе остане во Романија и ќе му помогне на ЦСМ Букурешт да ја освои Лигата на шампиони“, вели Милер.

Од сегашниот клуб на Неагу истакнаа дека ги почитуваат нејзините квалитети, но дека не можат да си дозволат да дадат поголема плата од досегашната.